Сали за отстапување на Министерството на Алијанса: Тоа се шпекулации, се повторуваат пет месеци

Од:

Сè уште нема конкретни разговори за отстапување на Министерството за здравство на Алијанса за Албанците, рече денес актуелниот министер за здравство Беким Сали. Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го отстапи министерското место на Алијанса тој рече дека Министерството не е негово, но битно е тој што ќе го наследи да биде максимално посветен на функционирање на системот.

„Тоа се политички одлуки кои што сè уште немаат конкретни разговори, преговори. Сето ова е во делот на шпекулации кои се повторуваат од септември наваму. Веќе петти месец се соочувам со прашањето дали ќе го отстапам или не, Министерството не е мое. Јас сум го наследил од некој министер, сигурно некој после мене ќе го наследи меѓутоа битно е кој било да биде на оваа позиција да биде максимално посветен на, првично, функционирање на системот, а потоа промоција како што еве денес промовираме убави вести за нова опрема која се дава на одредени здравствени установи кои се во интерес на навремено дијагностицирање и пружање на здравствена заштита“, рече министерот Сали на промовирањето на донацијата во опрема и обуки од клубот „Ротари“ за скопските клиники.

В петок централното претседателство на Алијанса за Албанците ќе одлучува дали ќе станат дел од Владата која ќе ги гласа измените за влез на Бугарите во Уставот за што е неопходно двотретинско мнозинство во Парламентот. За дел од медиумите лидерот на Алтернатива, Арбен Таравари изјави дека до петок очекува да му бидат понудени три министерски места, меѓу кои и Министерството за здравство каде што актуелниот министер е од партијата Алтернатива.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Сурија Рашиди предлог за директор на МЕПСО, Бујаре Абази на „Македонска пошта“

Ана Ололовска

За Алијанса за Албанците предлогот на Алтернатива е несериозен

Заврши расправата за разрешувањето на министерот Алити, ќе се гласа дополнително

Мицевски: Формално правно Беким Сали се уште е министер, СДСМ не може да му каже да потпише плати

Алијанса за Албанците: Го фативме Мицкоски со рачињата во медот, ова е единствената причина за нападите на ВМРО

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Новата „Пазар 3“ коалицијата нема да донесе ништо подобро за граѓаните