Сали: Европскиот парламент испрати јасна порака дека Македонија има европска иднина

Од:

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја поздрави расправата во Европскиот парламент по Извештајот за Македонија, оценувајќи дека пораките упатени од европратениците претставуваат силна потврда за европската перспектива на државата и дополнителен поттик за продолжување на реформскиот процес.

Во рамки на дебатата, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, испрати охрабрувачки пораки за европската перспектива на државата, истакнувајќи дека земјата има капацитет и потенцијал да биде дел од следниот бран на проширување на Европската Унија.

„Ова е значајна порака која доаѓа во важен момент за нашата држава. Фактот што во Европскиот парламент се препознава напредокот на Македонија и се истакнува можноста земјата да стане следна членка на Европската Унија претставува охрабрување за сите институции да продолжат со уште посилно темпо на реформи. Европа ја гледа Македонија како дел од европското семејство, а наша обврска е преку резултати да ја оправдаме таа доверба“, изјави Сали.

Тој нагласи дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на реформите во владеењето на правото, јавната администрација, економскиот развој и зајакнувањето на демократските институции, како клучни предуслови за напредок во евроинтегративниот процес.

„Членството во Европската Унија не е само надворешнополитичка цел, туку стратешки избор кој носи посилни институции, економски развој и повеќе можности за граѓаните. Нашата европска перспектива е јасна и остварлива. Денешната дебата во Европскиот парламент е потврда дека местото на Македонија е во Европската Унија. Наша одговорност е преку реформи, резултати и политичка зрелост да го искористиме овој моментум и да ја приближиме државата до полноправно членство во европското семејство“, истакна Сали.

Во однос на сите прашања разгледувани во рамки на Извештајот, Сали нагласи дека Македонија останува посветена на европските вредности, добрососедските односи и конструктивниот дијалог, во согласност со преговарачката рамка и принципите на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Шведска го прогласи рударството за национален интерес, Македонија сè уште не го користи својот потенцијал

Десет пожари на отворено регистрирани денеска низ државава, три сè уште активни

Предраг Петровиќ

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање

Предраг Петровиќ

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Топлотен бран следните 10 дена, температурите над 40 степени