„Сакам да работам“ до Пендаровски: Која ЕУ директива наложува 10 илјади семејства да се жртвуваат за интересите на една владејачка партија

Од:

Земајќи предвид дека поминаа пет дена од кога 55 пратеници на владејачкото мнозинство ги изгласаа противуставните и скандалозни измени на законот за игри на среќа, а Претседателот на Републиката сеуште не се изјаснува дали ќе остане доследен на јавно искажаниот став дека нема да го потпише указот заради злоупотреби на ЕУ знамето, се вели во реакцијата на Здружението на вработени во секторот за игри на среќа „Сакам да работам“.

„Прво, на целата јавност и е јасно дека воведувањето на дистанца од 500 метри на легалните објекти за игри на среќа од образовни институции нема врска со заштита на младината, туку е мамец за покривање на серија други законски одредби кои треба да ги задоволат бизнис апетитите на една владејачка политичка партија. Односно, да бидеме прецизни, станува збор за две фази. Првата, затворање на легалните објекти за игри на среќа во кои во моментот работат 90 проценти Македонци, за да во втората фаза се отворат повторно некои приредувачи на игри на среќа, но кои ќе бидат за некого етнички подобни.

Второ, апсурдно е да се претставува дека дистанцата ќе ја заштити младината, кога во исто време Државна лотарија преку своите платформи „Мегавин“ и “Тувин” и уште преку три нови компании приредува онлајн игри на среќа, каде секој ќе може да игра од својот мобилен, без разлика каде се наоѓа. Едноставно, дистанца не оди заедно со организирање игри на среќа преку интернет. Со кои аргументи претставниците на „Антикоцкање“ од Тетово, кои делуваат исклучиво како продолжена рака на една владејачка партија, сега ќе ја убедуваат јавноста дека младината е повеќе загрозена од излозите на легалните објекти за игри на среќа отколку од онлајн игрите на среќа?

Трето, законските измени се изготвени со цел актуелниот строго регулиран систем на игри на среќа да биде затворен за да се остварат нечии лични и партиски бизнис интереси. Ова е брутална антидемократска и антиевропска пресметка со најголемиот приватен работодавец. Бројот на луѓе кои работат во секторот на игри на среќа е поголем од бројот на жители во неколку општини вкупно во источна Македонија. Нели политичарите се свесни дека ние можеби сме гласале за нив на избори?

Пред да ја донесете конечната одлука дали ќе го браните Уставот или ќе бидете принудени да постапите како налага една владејачка партија, само поставете си ги следните прашања: Која ЕУ директива предвидува затворање на легалните игри на среќа? Која ЕУ директива предвидува оставање 10 илјади вработени на улица? Која ЕУ директива предизвикува игри на среќа на црно, без лиценци и контрола од Државата? Која ЕУ директива наложува 10 илјади семејства да се жртвуваат за интересите на една владејачка партија? Ние одговорите ги знаеме, ниту една! Не постои ЕУ директива која може да ги покрие овие противуставни и скандалозни измени на Законот за игри на среќа. Уште еднаш апелираме да не станувате соучесник во едно погубно сценарио кое многу негативно ќе се одрази врз македонската економија“, велат од Здружението.

Би можело да ве интересира

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

Горан Наумовски

„Сакам да работам“ до пратениците: Со негласање нема да одбраните само 10 илјади семејства туку ќе застанете на патот на едно партиско самоволие

Катерина Ѓуровски

„Сакам да работам“ до „Антикоцкање“: Зошто не протестирате против онлајн игрите на среќа

„Сакам да работам“: Заштитени устав и ЕУ вредности, 10 илјади семејства може да здивнат!

Горан Наумовски

Отворено писмо на „Сакам да работам“ до Пендаровски: Бидете претседател на сите граѓани, не дозволувајте да не избркаат од Македонија

Катерина Ѓуровски

Отворено писмо на Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ до пратениците на владејачкото мнозинство

Катерина Ѓуровски