Русковска: Обвинителството за организиран криминал е надлежно да ја испитува само набавката на модуларните болници

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во вторникот добило документација за модуларната болница во Тетово од Бирото за јавни набавки, а вчера после 14 часот е добиена и од Министерството за труд и социјална политика. Дури денеска истражителите почнаа со првично разгледување на истата.

Ова денеска го изјави Вилма Русковска, шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, одговарајќи на новинарско прашање дали ја добиле документацијата, што се истражува и дали имаат некакви првични сознанија, за пожарот во тетовската модуларна болница.

– Утринава се почна со разгледување на документацијата и немам никакви поконкретни сознанија, нагласи таа, по денешната конференција „Напредокот во борбата против организираниот криминал и корупцијата во контекст на планот на Владата за борба против корупцијата“, во организација на Коалицијата „Сите за правично судење“ во соработка со Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ).

Прашана што ќе проверува Обвинителството, Русковска потенцира дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е наделжно само во делот на јавната набавка и само тоа ќе се проверува односно дали се испочитувани процедурите, оваа набавка одела и според посебен Закон што го има донесено Владата. Тоа е само наша надлежност, подвлече, друго не.

Во врска со тоа дали имаат информации кој го направил техничкиот прием, Русковска повтори дека немаат информации за тоа, а техничката спецификација, како што информира, ја добиле на англиски јазик и веднаш ја скенирале и по мејл ја испратиле во Обвинителството во Тетово за да можат експертите од Германија да се запознаат со истата.

– Тоа се документи од набавката и колку што имам првични информации од наши експерти ја направиле техничката документација, а од Светска банка направиле одредени корекции на таа техничка документација и им испративме на колегите за да можат експерите да проверат дали модуларните болници се набавени и направени во согласност со таа техничка документација, која е одобрена од страна на Светската банка, појасни шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Русковска истакна дека Јавното обвинителство има посебна страница во рамки на Јавното обвинителството на Република Северна Македонија и сите нивни предмети и известувања редовно се прикачуваат на таа страница. Не се согласува дека не се транспарентни и оти нема изјави, информации или соопштенија по предметите по кои тие постапуваат.

– Ние сме секогаш отворени за соработка, формално во рамките на тоа колку се дозволува да откриеме поединости за одреднеи предмети, изјави Русковска.

Би можело да ве интересира

Заев за истрагата за изгорената модуларна: Знам дека анализите се при краj, ред е да се објават за да кажам став за оставките

Кристијан Ландов

Извештајот од германските експерти треба да биде доставен за 10-15 дена

Катерина Павлова-Николовска

Русковска: Истрагата за Драги Рашковски во завршна фаза

Ана Ололовска

Филипче: Не бегам од одговорност, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира

Пристигнаа германските експерти за истрагата на пожарот во болницата во Тетово

А1он

Седуммина обвинети во „Планина“ признаа вина и се спогодија со Обвинителството, најголемата казна е затвор од четири и пол години

Ана Ололовска