(ВИДЕО) Русковска: Груевски ја ставил во функција партијата за крвавиот четврток

Од:

На прес-конференција за јавноста во ЈО беа изнесени информации за истрагата за организаторите на насилствата од 27 април.

Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, рече дека осомничените во истрагата ја ставиле во функција партијата за организација на насилствата од 27 април, со координација на активностите. Кординатори биле осомничените, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Организацијата подразбирала ангажирање на луѓе од општинските организации на партијата.

Никола Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ во телевизиско интервју ги повикал граѓаните на протест и за таа цел ја ставил во функција партијата.

Обвинителката Русковска рече дека ќе биде доставено барање за екстрадиција до судот за Никола Бошковски кој избега во Грција и очекува тој да биде екстрадиран во Македонија откако ќе заврши постапката, бидејќи амнестијата на претседателот Ѓорге Иванов не се однесува за ова кривично дело.

Во оваа истрага ќе биде опфатен и ексдиректорот на УБК, Валдимир Атанасовски кој се наоѓа во притвор во Шуто Оризари, Државниот обвинител Љубомир Јовески на новинарско прашање дали Билјана Бришкоска Бошковски, која обвинетите за крвавиот четврток ја посочија како координатор на активностите била повикана на распит за овој случај, рече дека во оваа фаза се осомничени само пет лица, а доколку истрагата се прошири и се обезбедат докази може да бидат опфатени и други лица.

На новинарско прашање зошто обвинителството првин ги гонеше извршителите, а не организаторите на 27 април Јовески рече дека станува збор за сложена постапка, која уследила по ненавремено извршениот увид во Собранието што подразбира проблем во обезбедување на доказите, а се чекало и вештачењето на телефоните.

Васко Маглешов

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска која беше инструмент на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, сега има можност да ги признае сите злодела

(ВИДЕО) Русковска пред еден месец кажа дека има информации за нејзиното разрешување

Александар Тодески

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска