Вработен во прилепскиот рудник „Сивец“ е во животна опаснот откако паднал од скеле, соопшти денеска МВР.
Педесет и четиригодишниот С.Д. паднал вчера околу 13 часот при што се здобил со повреди во пределот на главата и телото.
Тој е пренесен во Ургентен центар-Скопје и е во животна опасност. Се преземаат мерки за утврдување на причините за падот и за целосно расчистување на случајот.