Велосипедизмот претставува економски, енергетски и еколошки најодржлива форма на сообраќај, идеален за кратки или умерени растојанија, со бројни позитивни придобивки по здравјето на луѓето. Поголемата употреба на велосипедот во сообраќајот значи намалената потрошувачка на фосилни горива, помало загадување на воздухот, намалување на бучавата во населените места, намалување на сообраќајниот метеж, побезбеден сообраќај, повеќе места за паркирање, итн.
Велосипедизмот претставува добра пракса, здав живот, здрави животни навики и чиста и здрава животна околина.
Зимата и леденото време се во заминување па низ улиците на главниот град и останатите места во Република Македонија од ден на ден можат да се забележат се повеќе велосипедисти кои и покрај сеуште ладното време и повремените дождови, решија да ги стават во функција велосипедите. Сепак, како и сите превозни средства така и велосипедот е потребно да биде подготвен односно сервисиран пред да влезе во сообраќајот. Во продолжение ќе ви посочиме неколку начини како да го проверите својот велосипед во домашни услови.
Најпрво велосипедот да се исчисти од нечистотијата која се насобрала во текот на зимскиот период
За да можете да ги забележите евентуалните недостатоци или дефекти на велосипедот тоа најдобро ќе го воочите на чист велосипед. Нечистотијата ќе ја отстраните на сув велосипед со четка и секако ќе внимавате таа да биде темелно исчистена. Откако ќе го исчистите велосипедот на суво ќе земете вода и сунѓер и уште еднаш ќе го поминете.
Ланецот се подмачкува или се прска со специјално средство
Исчисте го ланецот најпрво со сува крпа и вртете ги педалите напред – наназад, а потоа земете средство и подмачкајте го ланецот. Оставете го средството да дејствува кратко време и потоа повторно исчистете го со крпа.
Не заборавајте да ги проверите кочниците и истите да ги подмачката со средство за кочници
Пред првото возење задолжително да се проверат и сопирачките. Потребно е нивно подмачкување, а доколку сопирачките облоги се истрошени тие треба итно да се заменат.
Проверете ги навојните делови
Задолжително да се провери затегнатоста на навојната врска на сите носечки делови, како главата на управувачот, педалите и запчаниците. Доколку постојат лабави споеви на велосипедот тие ќе ги проверите со подигнување и пуштање на тркалата. За затегнување можете да користите квалитетен мултинаменски алат, но секако бидете внимателни со затегнувањето за да не оштетите некој дел од велосипедот.
Проверка на гумите
Доколку велосипедот мирувал во зимскиот период веројатно гумите го имаат испуштено целиот воздух. На самите гуми е наведен-запишан минималниот и максималниот притисок на воздух. За пумпање се препорачува робусна стоечка пумпа со манометар. Истрошените и напукнати гуми се сериозна опасност при возењето и задолжително треба да се заменат.
Задолжително да се проверат светлата и катадиоптрите затоа што на велосипедот задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна, како и катадиоптeр со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна и по еден катадиоптер со жолта или портокалова боја на секоја страна.
Откако ќе бидете сигурни дека вашиот велосипед е исправен, можете да го исполирате да добие сјај.
И не заборавајте еднаш во годината да направите целосен сервис на вашиот велосипед.
Секако доколку немате време ниту простор да ги направите проверките во домашни услови, однесето го велосипедот на сервис и имајте безбедно и сигурно возење.
И не заборавајте да ја проверете и подгответе опремата и да користитете заштитен шлем и друга опрема за пасивна безбедност, пред се заради вашата лична заштита.