Судскиот случај „Ровер“, во кој Љубе Бошкоски беше осуден на 12 години казна затвор, падна на Апелација.
На цели осум страници, судот образлага дека пресудата е укината поради низа пропусти кои се направени во постапката и ги уважува жалбите на адвокатите на обвинетите.
Предметот се враќа на повторно судење, со препорака да се имаат предвид укажувањата од Апелациониот суд.
Првостепениот суд му одреди висока казна од 12 години затвор на Љубе Бошкоски за како што рекоа „психолошко помагање“ во убиството на Марјан Тушевски, а целата пресуда се темелеше на изјава на заштитен сведок, кој ништо лично ниту слушнал ниту видел.