Рокот за специјален обвинител истекува утре, а за името на обвинителот е се уште рано да се шпекулира?!

Од:

Партиите се уште преговараат за законското решение кое треба да овозможи формирање на специјален јавен обвинител кој би ги истражувал наводите од прислушуваните разговори. Во Клуб на пратеници во 14 часот почнува нова средба на работните групи и како што дознаваме се уште се преговара за текстот на законот. За името на специјалниот обвинител е рано да се разговара, брифираат од партиите, иако утре истекува рокот на кој се обврзаа со Протоколот од 14-ти јули.

Според партиски извори синоќа имало извесен напредок и била постигната согласност дека обвинителот треба да има заменици обвинители, но се уште не е утврдено во колкав број тие треба да бидат.

Познато е дека доколку не се договорат, посредниците од Европска унија ќе предложат специјален јавен обвинител кој партиите ќе мора да го прифатат. Сепак, како што велат од таму, прблемот не е персонален, туку потребно е прво страните да се усогласат околу текстот на законот.

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски