Родителите на деца незапишани во градинка не може да ја користат мерката да останат дома

Од:

Само родители на деца запишани во градинка може да ја користат мерката да останат дома. За да им биде исплатена плата за периодот додека се дома, родителите кај работодавците треба да достават потврда издадена од детската градинка дека детето е запишано и редовно посетувало градинка или уплатница за платен надомест за престој во детска градинка како и лична изјава.

Родителите чии деца не се, и никогаш не биле запишани во градинка, од Министерството за труд и социјала велат дека треба да ги запишат доколку сакаат да ја користат мерката од Владата за ослободување од работа, но и за тоа треба да исполнат услови.

Во градинките се запишани вкупно 29.000 деца, а согласно Протоколите, прием може да се направи на 19.000 деца, соопшти министерката Јагода Шахпаска

„Доколку, согласно донесените Протоколи за активностите на установите за згрижување и воспитание на децата, по укинување на вонредната состојба во определена установа за деца има слободни места, родителите или самохраниот родител може да ги запишат своите деца доколку достават потврди дека двајцата родители се во работен однос и работните задачи треба да ги извршуваат од своето работно место“, велат од Министерството за труд.

Нагласуваат дека детските градинки во текот на целата година запишуваат и примаат деца но доколку во градинката има пријавено поголем број деца отколку што има слободни места, за приемот решава комисија за прием на деца именувана од директорот. По жалба против решението на комисијата решава градоначалникот на општината.

„ Во конкретниот случај ако родителите не се задоволни од решението на комисијата можат да упатат жалба до градоначалникот во општината во која се наоѓа градинката“, велат од Министерството за труд и нагласуваат дека согласно Законот за заштита на децата детската градинка може да обезбедува згрижување и воспитание на деца до шестгодишна возраст како и престој и исхрана и за деца до десет години.

Градинките ќе бидат повторно отворени за деца следната среда, на 9 септември. Тие беа затворени на 11 март по регистрираните седум случаи на заболени од коронавирус.

Градинките ќе работат по посебни Протоколи за заштита од коронавирусот. Министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска денес соопшти дека во градинките се запишани вкупно 29.000 деца, а согласно Протоколите за работа, прием може да се направи на 19.000 деца. Родителите досега пријавиле дека 14.500 деца ќе присуствуваат во градинка. Приоритет за прием во градинка имаат самохрани родители и родители од кои едниот не може работните обврски да ги извршува од дома, а за тоа ќе донесе потврда.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа