Родилката која се фрли од прв кат на Гинекологија се бори за живот: Не сакаше да го дои бебето и беше вознемирена

Од:

Триесет и деветгодишната жена која синоќа се обиде да си го одзеде животот фрлајќи се од првиот кат на Клиниката за гинекологија два дена откако родила здраво машко дете, е во многу критична состојба на интензивна нега. Ова го потврди директорката на ГАК, д-р Викторија Јовановска.

– За жал пациентката е во многу критична состјба, сега зборував со директорката на КАРИЛ која е во моментов дежурна. Пациентката не сакала да го дои бебето, била лесно вознемирена, но тоа не е првпат да се случува. Зборувавме со директорот на психијатрија да доаѓа некој лекар оттаму еднаш неделно за почеток за да разговара со мајките, но не знам како ќе го прифатат пациентките. Многу пати пациентките се повредени кога им велиме да разговараат со психолог. Освен за состојбата на пациентката додека беше на ГАК, не смеам за друго да зборувам затоа што семејството не сака да кажуваме податоци за претходната состојба на пациентката – рече д-р Јовановска.

Запрашана дали ќе ги заклучат прозорците за да не се случуваат вакви немили настани во иднина, директорката рече дека никаде во светот прозорците не се забарикадирани затоа што се работи за болница, а не за затвор.

– Секаде во светот познат е податокот дека една од десет породени пациентки има мало психолошко пореметување, но никаде прозорите не се забарикадирани. Не можеме да ги чуваме пациентките како затвореници, тие треба да се чувствуваат подобро после породување – рече таа.
Во болницата била донесена во 36-та недела од бременоста. Било констатирано дека се работи за предвремено одлепување на постелката што ги загрозувало и мајката и детето и затоа била однесена во породилна сала и за 14 минути била породена со царски рез. Бебето е во добра состојба.

– Пациентката веднаш е прегледана од дежурен специјалист во амбулантата за итни случаи и е утврдено дека се работи за предвремено одлепување на постелката, состојба којашто витално го загрозува плодот и сериозно го загрозува здравјето на мајката. Пациентката веднаш е примена во родилна сала и по кусата предоперативна подготовка и за 14 минути од приемот е породена со царски рез во 21.30 часот, при што е добиено живо машко дете во задоволителна кондиција.

Во петокот, пациентката се пожалила на вознемиреност и извршен е разговор со клинички психолог. Вчера, пак, на утринска визита пациентката се пожалила на слична симптоматологија како и во петокот, при што дежурните лекари извршиле разговор со неа, ординирана е соодветна терапија и донесена е одлука, за подобра проценка на состојбата пред испис да се повика психијатар. Ноќта околу 21.30 часот пациентката преку прозорецот во ходникот направила обид за суицид, фрлајќи се од првиот кат. Пациентката итно е пренесена на КАРИЛ во придружба на дежурната екипа, а немилиот настан е веднаш пријавен во надлежните институции кои излегоа веднаш на терен за разјаснување на случајот – образложи организацискиот директор на ГАК, Јетон Шаќири.

Би можело да ве интересира

Сведоци на израелскиот напад на болница во Газа: „Луѓето изгореа до смрт“

Горан Наумовски

Извештаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе се готови, Таравари повика да делуваат судските органи ако се утврди лекарска грешка

Катерина Ѓуровски

Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК