Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Од:

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот на 31-годишната жена, која заедно со своето 6-годишно дете падна од балкон во Карпош, кој се сомничи за наведување на сторување самоубиство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста.

Мерката краткотраен притвор, како што посочуваат од Обвинителството, е за обезбедување докази во однос на сомненијата и за да се изршат вештачења, анализи на камери, известувања од претрес и други дејствија.

-Притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата. По предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор, се вели во соопштението од Обвинителство.

За лицето, како што информираат од Обвинителство, постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, претходно денеска на прес-конференција информираше дека против Стојанче Јовановски имало 10 пријави за насилен криминал, имотни деликти и недозволена трговија со дрога, како и дека тој е приведен и против него ќе бидат поднесени кривични пријави за наведување на сторување самоубиство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста.

Како што појасни Тошковски, пред падот имало расправија меѓу сопружниците и интервенција на полицијата по пријава за насилство.

Би можело да ве интересира

Реакција на министерот за правда во врска со случајот на Ива Михаилова

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ