А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Рочиштето за „Труст“ одложено за 20 февруари

by А1он13/02/2018 - 10:38187
Share0

Во кривичниот суд во Скопје за денеска имаше закажано рочиште за случајот „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан, заедно со Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ како и три правни лица, за незаконско учество на тендер на Електрани на Македонија. Судењето беше одложено бидејќи не се појави адвокатката Сања Алексиќ, која го брани второобвинетиот Василије Авировиќ.

Добивај вести на вибер

Адвокатката, која е дел од одбраната на обвинетите за „Тенк“ вчера побара да биде одложено денешното судење за тој случај, бидејќи, како што рече, денеска имала претходно закажано рочиште за предметот „Труст“.

Причината поради денешното отсуство е поради тоа што адвокатката се разболела, за што претходно се чуле со судијката. Следното рочиште е закажано за 20 февруари.

Овој предмет е во завршна фаза, но се одложува неколкупати досега. На ред се доказите на одбраната, по што се очекуваат завршните зборови и пресудата. Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ и го оштетиле буџетот за 17 милиони евра.

Во предметот „Тарифа“ пак, за кој денеска е закажано ролиште, обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица. На денешното рочиште треба да се сослушуваат сведоци. Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден приближно четири милиони евра. Обвинителите на СЈО рекоа дека ќе докажат оти тројцата обвинети ја злоупотребиле службената положба и овластувањето. Обвинетите пак се изјаснија дека не се виновни.

tarifatrust

Би можело да ве интересира

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски20/07/2023 - 14:2420/07/2023 - 14:38

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски20/07/2023 - 10:4020/07/2023 - 10:54

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он11/04/2022 - 16:40

Врховен му ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за „Труст“

Кристијан Ландов24/09/2020 - 13:4524/09/2020 - 13:55

ВИДЕО: По три години затвор за ексдиректорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски и двајца ресорни директори обвинети во „Тарифа“

Маја Илиевска-Пачемска27/12/2019 - 11:4627/12/2019 - 15:47

Нови рочишта за „Таргет-Тврдина“, „Тарифа“, „Топлик“ и „Триста“ на СЈО

Ана Ололовска06/09/2019 - 09:1406/09/2019 - 10:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен