ВИДЕО: По три години затвор за ексдиректорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски и двајца ресорни директори обвинети во „Тарифа“

Од:

Ексгенералниот директор на ЕЛЕМ Дејан Бошковски, Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорговски се осудени на по три години затвор во предметот „Тарифа“.

Пресудата денес им ја изрече судијката Софче Гавриловска – Ефремова. Тројцата ја злоупотребиле службената положба и овластување и овозможиле на конзорциумот „Нераст“ да изврши јавна набавка на софтверски систем со нецелосна докумнтација, а подоцна да направи и други трошоци за него.

Судот го задолжи Ѓорѓовски да плати штета од 20 илјади евра, а Методиј Стојменовски во износ од 30 илјади евра во рок од 3 месеци по правосилност на пресудата на АД ЕЛЕМ.

Бошковски ставил анекс на договорот за набавка на неинсталираниот компјутерски софтвер во ЕЛЕМ од 159.000 евра за одржување на системот.

Сојменов и Ѓорѓовски се ослободени од дел од обвинението за дополнителни средства во висина од 456.560 евра за годишни лиценци за одржување на софтверот.

Судијката Гавриловска – Ефремова образложи дека со еднакви казни ќе биде оправдана целта на казнувањето и дека тоа е адекватен општествен прекор за обвинетите.

Според обвинението, системот воопшто не бил вграден, но и покрај тоа директорите одобриле и дополнителни средства во висина од 456.420 евра за лиценци за одржување на софтверот, а одобриле и исплати во износ од 16.800 евра за сертификат за прифаќање на софтверот, што било услов за одобрување на исплаќањата за вградување на софтверот.

Истрагата за софтверот врз основа на сомневања произлезени од прислушуваните разговори под кодно имe „Тарифа“ ја отвори специјалното јавно обвинителство во јануари 2017 година.

Судењето почна во декември 2018 година, а сите обвинети се изјаснија дека не се виновни.

Бошковски е сопруг на Билјана Бришкоска-Бошковска, поранешна заменичка на министерот за правда, обвинета за изборни нерегуларности во предметот „Титаник“. На сопрушниците повеќе од две години им се одземени пасошите.

Кривичниот суд во овој случај ги прифати „бомбите“ како докази во постапката.

Би можело да ве интересира

Нови рочишта за „Таргет-Тврдина“, „Тарифа“, „Топлик“ и „Триста“ на СЈО

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Тотал“, „Топлик“ и „Тарифа“

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Талир“ и „Тарифа“

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Титаник“, „Тортура“ и „Тарифа“

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Траекторија“ и „Тарифа“

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“ на СЈО

Ана Ололовска