Рочиште за „Т.Н.Т.“ во Кривичен суд

Од:

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за предметот „Т.Н.Т“ на Специјалното јавно обвинителство за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски.

На денешното рочиште присуствуваат сите обвинети. Поранешниот премиер Никола Груевски дојде со задоцнување од десет минути.

Судијата Огнен Ставрев пред денешното рочиште, ги информираше адвокатите на обвинетите дека ќе можат да зборуваат само по пет минути.

На тоа реагираше Груевски, кој рече дека „не знаел дека ќе има вакво ограничување“. Според судијата, пет минути се доволни за изјаснување и приговор, а подолгото зборување само непотребно ќе ја одолговлечи постапката.

Според обвинителниот акт, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе поднесат побарувања за причинетата штета.

Обвинетите на претходното рочиште се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Тие требаше да извршат увид во доказите на СЈО, односно на 26 аудиоснимки од телефонски разговори, 50 СМС-пораки и едно вештачење.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Цаноски: Судијата Ристов има намера да го застари предметот ТНТ и да не добијам отштета од 11 милиони евра

Предраг Петровиќ

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска