Репортери без граници: Северна Македонија на 92. место според индексот за слобода на медиумите

Од:

Република Северна Македонија за една година се искачи три места погоре на Светската листа на слобода медиумите за 2020 што ја изготвува невладината организација Репортери без граници со седиште во Париз. Од 95-то, земјава сега е рангирана на 92-то место со средна оценка од 31,28 поени, јави дописникот на МИА.

Во делот за Северна Македонија насловен „професијата се организира“, се наведува дека Владата не го смени законот за јавни медиуми, а реформата на јавниот радиодифузер е запрена, а неговите програми им служат на интересите на поранешната конзервативна партија на власт, на ВМРО-ДПМНЕ.

– Актуелната влада го намали рекламирањето во медиумите, што претставуваше моќна алатка на претходната влада за контрола врз медиумите и за злоупотреба на јавните фондови, се наведува во извештајот.

Репортери без граници забележуваат дека сепак на општините им е дозволено да се рекламираат во локалните медиуми и тоа „останува како алатка за притисок“.

– Исто така, постоеше потенцијално ризичен потег на владејачката партија за објавување реклами во медиумите за информирање за достигнувањата на Владата. Ова беше осудено од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), оценуваат Репортери без граници.

– Треба да се забележат две револуционерни достигнувања во врска со саморегулацијата и работните стандарди на професионалните новинари: од една страна, создавањето регистар на професионални онлајн медиуми кој има околу 70 члена од страна на Советот за етика на медиумите и ЗНМ. Оваа иницијатива ја промовира саморегулацијата на медиумите со тоа што ги обврзува да се придржуваат кон кодексот на новинарите и да ги објавуваат одлуките на Советот. Од друга страна, потпишувањето од страна на синдикатот, во соработка со ЗНМ и Советот, на Повелбата за услови за работа на новинарите со нацрт договор за фер вработување на новинари и медиумски работници во дигиталните медиуми. Оваа Повелба исто така се обврзува да ги почитува правата на новинарите и слободата на изразување, наведува Репортери без граници.

На крајот констатираат дека физичките напади врз новинарите се смирија. „За жал, традиционалните закани и навреди од високи функционери кон печатот остануваат силни, а сајбер-нападите се во пораст“ пишува во извештајот.

Според индексот за слобода на медиумите, од соседството пред Северна Македонија се Грција на 65-то, Косово на 70-то и Албанија на 84-то место. Следна е Србија, на 93-то место, Црна Гора на 105-то и Бугарија на 111-то место.

Прва на листата е Норвешка, а по неа се Финска, Данска, Шведска и Холандија. Последни се, на 177 место, Кина, Еритреја и Туркменистан.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време