„Репортери без граници“ бараат истрага за навредите на Апасиев кон новинарките од „А1он“

Од:

Откако поставија прашање за финансирањето на политичката партија, новинарките Габриела Димковиќ – Мишевска и Мери Јордановска од медиумот „А1он“, беа предмет на навреди и закани со тужба од опозицискиот политичар Димитар Апасиев, регистрира меѓународната организација „Репортери без граници“, на нивниот профил на Твитер.

Случајот е евидентиран и на веб-страница за мапирање на слободата на медиумите “Mapping Media, каде што прецизно е евидентирана хронологијата на настаните и упатените навреди од страна на Апасиев кон двете новинарки.

Од „Репортери без граници“ тврдат дека нападите се случуваат од позиција на имунитетот што го ужива политичарот Апасиев.

Во друга објава на Твитер, од „Репортери без граници“ тврдат дека вакви „напади“ против новинарки, во последниов период се регистрирани во три балкански држави, Македонија, Србија и во Хрватска.

„Репортери без граници повикуваат на итни истраги. Политичарите, исто така, мора да ги осудат заканите, малтретирањата и оцрнувања кои испраќаат застрашувачки пораки низ целиот регион“, велат од меѓународната организација.

Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев, со денови, континуирано на социјалните мрежи ги навредува новинарките на „А1он“, а откако беше запрашан дали партијата ќе ги задржи или донира буџетските пари за финансирање.

„Сороспии“, „провладини новинари“, „платеници“, се само дел од навредите кои Апасиев ги упатува кон новинарката Јордановска и се заканува со тужба.

За случајот веќе реагираа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), како и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), кои побараа реакции од надлежните истражни институции.

Би можело да ве интересира

Апасиев: Ванковска и Левица го оспорија упатството за радиодифузери на АВМУ пред Уставниот суд

Орце Костов

Апасиев: Левица ќе продолжи да биде единствениот глас на младите

Горан Наумовски

O2 Иницијатива: Фабриката „Усје“, најверојатно најголемиот индустриски загадувач во Скопје

Горан Наумовски

Левица: Апасиев со нова кривична пријава му ја честиташе Новата година на спикерот Џафери

Орце Костов

Апасиев и Крмов поднесоа кривична пријава против Талат Џафери

(ВИДЕО) Апасиев со чевел им ставаше печат на амандманите: „Ова е по сите шверцерски стандарди на ДУИ“

Орце Костов