„Репортери без граници“ бараат истрага за навредите на Апасиев кон новинарките од „А1он“

Од:

Откако поставија прашање за финансирањето на политичката партија, новинарките Габриела Димковиќ – Мишевска и Мери Јордановска од медиумот „А1он“, беа предмет на навреди и закани со тужба од опозицискиот политичар Димитар Апасиев, регистрира меѓународната организација „Репортери без граници“, на нивниот профил на Твитер.

Случајот е евидентиран и на веб-страница за мапирање на слободата на медиумите “Mapping Media, каде што прецизно е евидентирана хронологијата на настаните и упатените навреди од страна на Апасиев кон двете новинарки.

Од „Репортери без граници“ тврдат дека нападите се случуваат од позиција на имунитетот што го ужива политичарот Апасиев.

Во друга објава на Твитер, од „Репортери без граници“ тврдат дека вакви „напади“ против новинарки, во последниов период се регистрирани во три балкански држави, Македонија, Србија и во Хрватска.

„Репортери без граници повикуваат на итни истраги. Политичарите, исто така, мора да ги осудат заканите, малтретирањата и оцрнувања кои испраќаат застрашувачки пораки низ целиот регион“, велат од меѓународната организација.

Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев, со денови, континуирано на социјалните мрежи ги навредува новинарките на „А1он“, а откако беше запрашан дали партијата ќе ги задржи или донира буџетските пари за финансирање.

„Сороспии“, „провладини новинари“, „платеници“, се само дел од навредите кои Апасиев ги упатува кон новинарката Јордановска и се заканува со тужба.

За случајот веќе реагираа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), како и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), кои побараа реакции од надлежните истражни институции.

Би можело да ве интересира

Aпасиев: Има договор помеѓу ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ законот за бранители никогаш да не стигне на дневен ред

Левица во Корча – Албанија: Поддршка за македонското малцинство против бугаризација на Македонците

Апасиев до граѓаните: Посочете лица кои ќе бидат јавно сослушани за аерозагадувањето

Горан Наумовски

Апасиев: Во состојба на џунгла, немојте да се чудите, кога некој родител на кој некоја дрогирана битанга му прегазила дете на пешачки, ќе ја земе правдата во свои раце

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Апасиев: ДПМНЕ и ВРЕДИ сакаат „статус кво“ за двојазичноста во Македонија

(ВИДЕО) Апасиев: За секој клиентелистички закон крвта со памукче ќе ви ја пиеме