Ременски третпат во Обвинителство, овојпат на распит кај Русковска

Од:

Пратеничката Фросина Ременски по трет пат пристигна во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Откако претходно два дена правеше увид во доказниот материјал на обвинителката Вилма Русковска, денеска Ременски ќе треба да даде исказ за случајот со Меѓународниот сојуз, чија истрага е завршена. Ременски вчера рече дека во материјалите кои и биле дадени на увид видела сè освен докази.

Таа не сакаше да одговори дали се има среќавано со бизнисмените кои се оштетени во случајот со Меѓународниот сојуз. Не сакаше да коментира ниту за 750 илјади евра кои наводни биле префрлени на сметка кај пензионерка од Скопје.

Ременски по распитот се обиде да се оправда за петокот, велејќи дека не бегала од новинарите, односно дека не знаела оти тие ја чекат.

На прашањето од „А1он“, зошто не застана кога новинар го побара тоа од нејзе, таа немаше конкретен одговор.

Таа е осомничена дека помагала во извршувањето на кривичните дела измама и перење пари за кои се осомничени пет физички лица, и тоа, заменик-претседателката на Меѓународниот Сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска како и самиот Бојан Јовановски.

Ременски остана и без пасош, а има и забрана да го напушти Скопје како мерка на претпазливост. Обвинителството одзеде два телефони, но и компјутери и други предмети при претрес во нејзиниот дом.

Обвинителката Вилма Русковска најави обвиненија на почетокот на новата година.

Би можело да ве интересира

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

Ременски и врати на Русковска: Ве победив на суд, а писмото ви е за домашна употреба додека клеветнички го рушите угледот на државата

Кристијан Ландов

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов