Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Од:

Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали Јавното обвинителство го крие во фиока, затоа што штитат функционери на СДС и на ДУИ?Судството со 2% доверба и натаму тоне, а на кормилото ЈО Коцевски сеуште ги штити криминалците кои го изгласаа, а тоа се СДС и ДУИ, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во јавноста излезе нов скандал, за кој ОЈО води предистражна постапка и процесот тука е застанат. Во случајот опфатени се поранешната СЈО Катица Јанева, Бојан Јовановски, како и други тројца активни обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен. Зошто изминатава година, не е поведена ниту една постапка за поранешни функционери од СДС и ДУИ? Дали Коцевски сеуште ги штити неговите наредбодавци?ЈО и Коцевски да си ја фатат работата, бидејќи таму се за да донесат правда, а не да кријат пријави по фиоки и да штитат лица блиски на СДС и до ДУИ, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му