Ременски: Граѓаните да го искористат уставно загарантираното право за изјаснување на референдумот

Од:

Граѓаните да го искористат нивното уставно загарантирано право за изјаснување на рефередумот бидејќи ова не е прашање што ги тангира партии, туку е прашање за иднината на Македонија, порача потпретседателката на македонското Собрание Фросина Ременски денеска во Тетово.

На трибината организирана пред платото на Споменикот на револуцијата, Ременски рече дека со излегувањето на референдумот граѓаните ќе се кажат каква иднина сакаат за себе и своите деца и оти ќе придонесат да се отвори евроатланскиот пат на државата.

– Со излезот на референдумот, на кој граѓаните ќе се изјаснат каква иднина сакаат за своите деца и за себе, ќе придонесат да се отвори евроатлантскиот пат за Македонија што воедно значи исполнување на стратешките интререси на Македонија, а тоа се членството во ЕУ и НАТО што е едногласно прифатено од сите политички партии во изминатиот период, рече Ременски.

Пратеничката Татјана Лалческа посочи дека со постигнатиот договор со Грција се расчистува патот за влез на Македонија во ЕУ и НАТО и додаде дека се зачувани македонскиот јазик и идентитет.

– Договорот го гарантира правото на Македонците да се нарекуваат Македонци така што македонскиоит народ и идентитет се потврдени и тука повеќе нема оспорувања. Затоа ова е историска можност за сите нас. Одговорноста е голема, треба секој да излезе и да донесе одлука и на 30 септември да избере за подобра иднина и за европска Македонија. Сето тоа би значело подобар економски стандард и поголема безбедност и сигурност за граѓаните, поголеми странски инвестиции и отворање на нови работни места, рече Лалческа.

Поптпретседателката на Собранието денеска се сретна со повеќе жители на Тетово и имаше средба со младите од градот.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он