Рекорден број починати од Ковид-19 во Албанија

Од:

Во последното деноноќие во Албанија од Ковид-19 починале седум лица, што е највисока бројка до сега. Меѓу починатите е и педесетгодишна акушерка од Елбасан и 71-годишниот свештеник Тоди Јовани од Поградец.

Според Министерството за здравство и социјална заштита, во изминатите 24 часа опасниот вирус е дијагностициран кај 284 новозаразени од 1.278 тестирани што е 22,2 отсто од тестираните. Во исто време во списокот на оздравени впишани се 103 лица, додека во двете ковид болници хоспитализирани се 285 пациенти.

Од почетокот на пандемијата до сега во Албанија се направени 119.607 тестови, позитивни на Ковид-19 биле 19.729, оздравеле 10.808, починале 487 а активни на болеста се 8.434 лица.

Би можело да ве интересира

Скандал во Албанија со интимни снимки од познат композитор и жени од јавниот живот

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пекол во Албанија: Пожарот стигна до куќите, изгореа три домови – жителите во паника

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

Заканувачка е-пошта од „Исламска држава“ во Албанија – закана за поставени бомби во повеќе институции

А1он

Силен земјотрес ја погоди Албанија