Општина Бутел работи на темелна реконструкција на улиците број 18, 50, 42, 60 и 7 во Радишани и Бел камен со вкупна должина од 1.530 метри.
Како што инфомираат од општина Бутел, темелната реконструкција на шесте улици ќе чини 10.500.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината.
Досега целосно е завршена улицата „18“ во должина од 180 метри со широчина од 3,5 метри.
Изведувачи на проектите се фирмите „Филип инженеринг“ и „Улици и патишта“.