Му се слоши на пожаникар при гасење на пожарот меѓу двете бензински во Радишани

Од:

На еден од пожарникарите му се слоши при гасењето на пожарот кој денес изби во објект меѓу двете бензински станици во Радишани. Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, Владимир Симоновски, вели дека пожарникарот веднаш се соземал и сега се чувствува добро, а во пожарот нема повредени. Огнот направил материјална штета во еден поголем објект и неколку мали помошни простории околу него.

Пожарникарот почувствувал слабост оти постел

„ Еден од пожарникарите почувствува слабост, го забележав и веднаш го извлеков. Му се слоши поради тоа што е на пост. Му дадовме вода, лимон и веднаш се стабилизира“, изјави командантот Симоновски за „А1он“.

Опожарени се околу 500 квадратни метри од објектите

Пожарот изби околу тринаесет часот. Сопственикот на објектите кои изгореа сечел железо со оксигенски боци, а пожарот настанал од искрите.

„Се запалил прво стар камион, а потоа огнот се пренел и ги зафатил и објектите. Внатре имаше се и сешто. Гореле стари гуми, седишта, боци… Се запалиле и лесонитните табли на покривот кои пукаа кога стигнавме. Почнале да го гасат со обично црево но попусто. Ние за десетина минути го ставивме под контрола. Го гасевме од две страни, вкупно 25 пожарникари, а опожарени беа околу 500 квадратни метри објекти“, вели командантот Симоновски.

Огнот го гасеа десет противпожарни возила, а пожарникарите се качуваа на камиони паркирани пред објектите кои гореа, на огради и на коли за да досегнат до пламенот. Стотина метри околу пожарот вжештен беше асфалтот, а црниот густ чад што се креваше се залежуваше уште од Железара.

Сопственикот на објектите кои изгореа сечел железо со оксигенски боци, а пожарот настанал од искрите

Жителите околу објектите кои гореа во паника безброј пати се јавија во полиција и на Бригадата за противпожарна заштита. Стравуваа дека огнот може да се рашири до бензинските кои се меѓу куќите.

 

Огнот го гасеа десет возила со дваесет и петмина пожарникари

На пожарникарите им требаа околу петнаесет минути да стигнат по првиот повик. Командантот Симоновски вели дека пожарните возила едвај се пробиле од паркирани автомобили околу џамиите.

„ Возилата тргнаа веднаш, свесни за големата опасност поради близината на бензинските станици но пробивањето до таму беше вистинска битка. На почетокот на новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош, на вкрстувањето со Босна и Херцеговина имаше буквално оставени возила среде крстосницата во близина на џамијата. Празни. И јас со лесно возило едвај се пробив. Во такви услови мораа да се пробијат и противпожаните камиони. Исто беше и од другата страна, од кај Американска амбасада. Возила оставени среде улиците, а возачите ги нема“, се пожали командантот Симоновски.

„ Внатре имаше се и сешто. Гореле стари гуми, седишта, боци…“, вели командантот Владимир Симоновски

Пожарот во Радишани им бил шеста интервенција денес. Додека го извлекувале автомобилот од Вардар во близина на болницата „Систина“ добиле дојава за пожар во зграда кај школото „Песталоци“. Се запалило тенџере на шпорет во еден од становите, веднаш го изгасиле и огнот не се проширил. Имало запалена трева под касарната Илинден каде испратиле екипа, а имале и уште две мали интервенции низ градот.

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов