Агенцијата Рејтинг ја известува јавноста дека се апслоутно неточни, невистинити и тенденциозни податоците кои ги обајвувија некои медиуми, дека само неколку дена пред изборите, Рејтинг на СДСМ му доставувал податоци кои укажуваат на голем пораз на Пендарвоски, додека во јавноста објавил нешто сосема друго.
Анкетата која ја објавуваат овие медиуми е изработена во Декември 2013 односно речиси пет месеци пред изборите. Во тоа време, по барање на нарачател кој не е СДСМ, беа тестирани потенцијалните личности за кандидати за претседател на двете најголеми политички партии.
За ова, Рејтинг има докази со кои ќе поднесе тужба за клевета кон Сител и Канал 5 и другите медиуми кои ја пласираа оваа срамна шпекулација, доколку истите веднаш не ја објават оваа исправка во целост.
Нашата соработка со сите партии докажува дека агенцијата Рејтинг никогаш не работела ексклузивно за една политичка партија и дека таа нуди исклучително професионални услуги за сите клиенти.