Општина Центар и граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“ започнуваат нова иницијатива за распишување на референдум за судбината на Градскиот трговски Центар.
За утре е закажана прес конференција на која градоначалникот Андреј Жерновски и претставници на граѓанската иницијатива ќе ја образложат идејата за распишување на референдум како можност за спас на ГТЦ од негово облекување во барок.
Граѓаните преку оваа најавтентична форма на директна демократија, ќе го искажат својот став по прашањето дали сакаат реконструкција на ГТЦ, со задржување на сегашниот изглед на фасадата.
Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ трае веќе 2 години, во кој период беа преземени низа активности со цел зачувување на автентичниот и препознатлив изглед на ГТЦ – симболот на Скопје.