Ребалансот на буџетот пред собраниската Комисија за финансирање

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска почнува расправата по новиот ребаланс на Буџетот за 2016 година, кој се предлага за да се обезбедат средства за целосно обесштетување на штетите од поплавите од 6 август годинава.

Со ребалансот, по кој почнува расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет, се предлага обезбедување дополнителни 36,4 милиони евра за целосно обесштетување на поплавените.
Приходите во Буџетот се непроменети и остануваат на ниво на проекцијата од 174.291 милион денари. Расходите се зголемуваат од 195.472 милиони денари на 197.410 милиони денари, а се зголемува и буџетскиот дефицит од 3,6 на 4 проценти и ќе изнесува 23.119 милион денари, наместо 21.181 милион денари.

Ова е втор ребаланс на Буџетот годинава, кој беше направен во јули годинава. 

За ребалансот на буџетот денеска треба да се изјасни и Законодавно-правната комисија. Закажена е седница и на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, чии членови треба да расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, во второ читање.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Советниците на Арсовска и од СДСМ не поддржаа зголемување на средствата за финансирање на клубовите

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е на економското дно во регионот, после ребалансот кризата уште ќе се влошува

Собранието го изгласа ребалансот на буџетот

Жарко Настоски

Пратениците трет ден расправаат за ребалансот на буџетот, опозицијата тврди дека ќе ја задолжи државата

Жарко Настоски

Пратениците и денеска расправаат за ребалансот на буџетот

Жарко Настоски

Опозицијата го нападна владиниот ребаланс на буџетот: Нема приоритети и ќе ја зголеми сиромаштијата

Жарко Настоски