ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Од:

Ребалансот на Буџетот за 2026 година е доказ дека Владата работи одговорно и ги насочува средствата таму каде што носат најголем ефект. Наместо кратење на развојот како во времето на СДС и ДУИ, сега се инвестира во иднината, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат 379,5 милијарди денари. Вкупните расходи се зголемуваат за 11,6 милијарди денари, или 2,8 проценти. Точно, дефицитот се зголемува и изнесува 4,1 процент од БДП. Но поважно е каде одат дополнителните средства.

Капиталните расходи се зголемуваат за 5 милијарди и 814 милиони денари, односно за 14,5 проценти. Развојните потпрограми растат за 4 милијарди и 215 милиони денари и достигнуваат повеќе од 41 милијарда денари.

СДС повторно се обидува да ја сведе дебатата на една бројка, дефицитот. Но граѓаните имаат право да ја знаат целата вистина. Секој денар од дополнителниот фискален простор е насочен кон инвестиции што создаваат работни места, ја движат економијата и оставаат трајна вредност. Тоа е одговорна економска политика, а не популизам.

Тоа не се бројки на хартија. Тоа се нови патишта, железничка инфраструктура, водоводи, канализации, училишта, градинки, здравствени установи, проекти за животната средина и инвестиции во општините.

Разликата е едноставна. ВМРО-ДПМНЕ зборува за тоа што ќе се изгради, додека во минатото СДС и ДУИ потрошија милионски буџети од кои граѓаните не видоа ништо.

СДС нема ниту еден предлог како да се забрза развојот. Единствено што нуди е ширење страв и манипулација.

Граѓаните не живеат од политички прес-конференции на СДС. Живеат од подобри патишта, поквалитетни училишта, модерни болници, сигурно водоснабдување и нови инвестиции. Токму тоа го обезбедува овој ребаланс. Овој ребаланс ќе се мери по завршените проекти, а не по прес-конференциите на СДС, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица