Реакција од општина Шуто Оризари

Од:

„Ви се обраќаме во врска со изнесените неточни информации во јавноста кои се однесуваат за недоличното паркирање на возилото БМВ среде Градски Трговски Центар.

Навистина е неетички и нечовечки да се изнесат такви обвинувања против Градоначалникот на општина Шуто Оризари Елвис Бајрам. Најнапред обвинувањата се целосно неточни и невистинити и како општина Шуто Оризари а и лично градоначалникот Елвис Бајрам се оградуваме од таквите обвинувања и го осудуваме недоличното однесување на возачот кој паркирал возило среде ГТЦ.

Имено, Градоначалникот на општина Шуто Оризари не поседува возило со марка БМВ а тоа може да се утврди и од самите регистарски таблички на возилото кои се од друга земја. Понатаму, дека обвинувањата се неточни и невистинити говори фактот дека објавената информација е заснована врз база на претпоставки и измислици без да се наведат изворите за објавените информации. Таквиот пристап во новинарството е неетички и недозволено според Кодексот на новинарите.

Доколку се сомневате и понатаму во нашиот демант, општината Шуто Оризари и Градоначалникот на општината Елвис Бајрам подготвени се да побараат увид во камерите на Градскиот Трговски Центар со цел да се утврди дека идентитетот на возачот на возилото БМВ не е на градоначалникот Бајрам.

Ве молиме во иднина да не се објават информации кои се земени како претпоставки односно измислици“, се вели во реакцијата на Општина Шуто Оризари.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов