Реакција на здруженијата за заштита на животни по пронајденото мртво тело на лебед во Охридското езеро

Од:

Откако денеска на интернет медиумите осамна слика на мртов лебед покрај охридскиот кеј, уште еднаш се докажа незаинтересираноста на институциите на државно и локално ниво за заштита на овој редок вид кој го краси Охридското езеро.

За жал, сведоци сме дека во изминатите години не постои компетентен орган чија главна надлежност би била заштита, грижа и зачувување на оваа прекрасна птица чиј опстанок континуирано е загрозен токму поради човечкиот фактор.

Токму поради тоа апелираме за еден посериозен и сеопфатен пристап од страна на институциите и формирање посебно стручно тело на локално ниво чија главна надлежност ќе биде зачувувањето на лебедот како редок животински вид по кој нашето езеро е препознатливо.

Исто така, апелираме граѓаните во иднина при вакви случаи веднаш да ја известат полицијата и да повикат ветеринарен инспектор да излезе на терен за да можат да бидат утврдени причините за настанатата смрт, се вели во реакцијата на Анимал Ворлд од Струга и Анималиа од Охрид.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он