Реакција на РЕК „Битола“ на соопштението на ЛДП и прес конференцијата на СДСМ

Од:

ТE „Битола“ 3 денес во претпладневните часови е само накратко исклучен од производство поради поправка на технолошка состојба која бараше краток застој на работа на блокот.

Oперациите за вклучување во електроенергетскиот систем се во тек и се очекува во текот на денешниот ден да биде целосно оперативен и прилагоден според потребите на електро енергетскиот систем. Во обид да заработат некој ситен дневно политчки поен, дел од партиите покажуваат тотално непознавање на функционирањето на електроенергетскиот систем. Едниот од блоковите е во редовен ремонт, процес што редовно и задолжително се спроведува во овој период од годината, а другиот термо блок веќе извесно време е надвор од електроенергетскиот систем, но не поради технички недостатоци, туку поради поволна хидролошка состојба и потребата предност при производството на електрична енергија да им се даде на хидропотенцијалите. Во вакви периоди од годината, со целосна оптимизација на сите постојни производни капацитети, предност при производството му се дава на расположливиот и евтин хидроенергетски потенцијал, а за сметка на тоа, се вршат заштеди на јагленот како необновлив енергетски ресурс.

Со оглед дека привршува периодот на зголемени дотоци, и другиот од блоковите кој патем е целосно оперативен ќе влезе во функција согласно оперативните планови за производство на АД ЕЛЕМ. Редовниот годишен ремонт на ТЕ Битола 2 пак, се одвива согласно планираната динамика.
За време на краткотрајниот застој на еден од блоковите,не е увезен ниту еден киловат час електрична енергија. Електроенергетскиот систем на државата е стабилен и сите потреби од електрична енергија за потребите на тарифните потрошувачи се обезбедуваат од домашно производство.

Во однос на инвестициските активности во РЕК Битола, тие продолжуваат со предвидената динамика. Веќе се почнати потребните постапки за набавка на нова механизација на рудниците, во тек се подготвителните активности на комбинатот за десулфуризација и намалување на прашината со што до 2018 година термоелектраните Битола во целост ќе бидат прилагодени на строгите ЕУ директиви за заштита на животната средина. Исто така, во тек се и подготвителните активности за изградба на системот за Топлификација кој се очекува првите корисници да ги добие до грејната сезона 2018/2019 година, се вели во реакцијата на РЕК „Битола“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Власта пред заминување сака да ги наполни куферите со пари од тендери

А1он

ЕСМ реакција: Мицкоски покажува незнаење од неочекувани размери за производството на електрична енергија

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Заврши капиталниот ремонт на Блок 2 во РЕК Битола,

Ана Ололовска

Бислимовски: До 5 март нови правила за снабдување со топлинска енергија во Скопје

За 10 дена на аукција ќе се избере универзален снабдувач со електрична енергија