ЕСМ реакција: Мицкоски покажува незнаење од неочекувани размери за производството на електрична енергија

Од:

Го потсетуваме Христијан Мицкоски дека АД ЕСМ произведува електрична енергија за граѓаните, односно за домаќинствата, а не за општините или некакви малверзации од општини. АД ЕСМ е заштитник на цената на електричната енергија и гарант за спречување ценовен шок за граѓаните. АД ЕСМ испорачува енергија кон ЕВН Хоум по регулирана цена се со цел високите пазарни цени на берзите да не ги погодат граѓаните. Незнааењето или злонамерноста на Мицкоски се недозволиви во овие размери. АД ЕСМ ја надмина енергетската криза со која се соочи државата без ниеден ден рестрикција на струја и без запирање на испораката, вложувајќи ги сите сили и со голема поддршка од Владата.

На крајот, не е јасно што сака Мицкоски да покаже со тоа што пред камерите ги држи фотографиите од поплавениот рудник Суводол, кои АД ЕСМ денеска ги испрати до сите медиуми со цел информирање на јавноста. Доколку Христијан Мицковски се сити на работниците во поплавените рудници кои ги презедоа и ги преземаат сите дејства за канализирање на природните води, се со цел да ги искористи условите на работниците и рудниците за да нанесе штета на раководството или на државните структури, тоа е за секаква осуда, пишува во реакцијата од ЕСМ за изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Сите реформи од Реформската агенда ќе бидат завршени до декември

Мицкоски: Растот на индустрискиот промет и извозот се охрабрувачки сигнали

Горан Наумовски

Измените на Кривичниот законик треба да ги надминат последиците од решенијата на СДСМ и ДУИ, нема да важат ретроактивно

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Ќе се обидеме да нема алармантно поскапување на парното, ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани,

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Мицкоски најавува одбрана од европскиот енергетски шок: Јаглен од Косово и рестарт на ТЕЦ „Неготино“ за да нема поскапување на струјата