ВМРО-ДПМНЕ: Власта пред заминување сака да ги наполни куферите со пари од тендери

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во новото соопштение до јавност тврди дека власта во заминување во последен момент сака со два тендери вредни 9 милијарди денари во РЕК, да ги „наполни куферите“.

Соопштението го пренесуваме во целост:

Власта во заминување на СДС и ДУИ во последен момент преку два тендери од 9 милијарди денари во РЕК Битола, сака да ги наполни куферите и да бега.

Криминалната власт преку инкриминираните функционери сака да потпише годишен договор за набавка на увозен јаглен во вредност од 5 милијарди и 950 милиони денари.

Дополнително се турка уште еден договор за ископ во РЕК Битола во висина од 3 милијарди денари, кој се мести за фирма сопственост на конзул на држава по санкции од ЕУ.

СДС и ДУИ по ист систем како што испумпаа стотици милиони од РЕК Битола изминативе 6 ипол години сакаат да го доограбат народот.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до сите функционери во РЕК Битола и ЕСМ да не подлегнуваат на притисоците на врвот на СДС и ДУИ, зошто секое делче од оваа набавка ќе биде истражено веднаш по преземањето на власта и одговорност ќе има.

Народот со право вели дека немаме држава, кога власта ја разграбува секоја институција или претпријатие. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито