Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Од:

Ја разбираме потребата и жедта за политички пресметки и кавги на градоначалничката Данела Арсовска, и намерата преку тоа да дојде до израз, бидејќи со работа и проекти тешко, но мораме да потенцираме дека и оваа нејзина помпезна прес конференција е промашена. Општина Ѓорче Петров никогаш не депонирала отпад нелегално на посочената локација, ниту создавала диви депонии. Напротив Oпштината го чисти таквото ѓубре, велат од Општина Ѓорче Петров.

„За тоа дека ја говориме вистината, градоначалничката Арсовска може да провери во пунктот на ЈП Комунална хигена во Карпош, каде јасно ќе види дека општинските служби таму одлагале кабаст отпад. Големиот помпезен случај на Арсовска, се решава за 5 минути и еден телефонски разговор со нејзиниот директор на ова јавно претпријатие.

Катастрофалното работење на јавните претпријатија, нехигиената, неуредените зелени површини, нема да ги покрие со политички мотивирани прес конференции. Добро ќе биде наместо водење висока политика и кажувањето на ловечки приказни, градоначалничката да се погрижи за акутните проблеми на градот, па на следната прес конференција да се пофали со некој изграден булевар, почист воздух или пак решение на чекањето по повеќе часови на автобуски превоз, кој секако согласно нејзините заложби треба да биде бесплатен“, нагласуваат од оваа скопска локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

„Ми се јавуваа пола амбасадори во Македонија дека кукаш ќе ти се рушела коалиција поради криминалот на твоите партнери од Чаир“

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?

А1он

Нека ви се честито дивоградбите, Арсовска по средбата Ѓорѓиевски-Меџити

Катерина Ѓуровски