Реакција на АД ЕЛЕМ на прес-конференцијата на СДСМ

Од:

АД ЕЛЕМ попладнево преку соопштение реагираше на денешната прес-конференција на СДСМ во врска со поскапувањето на електричната енергија.

Во реакцијата се наведува дека во податоците што ги презентирала СДСМ е внесен и увозот на електрична енергија што самостојно на либерализиран пазар, почнувајќи од 2008 година го вршат големите индустриски капацитети.

– Токму тој увоз има најголем удел во вкупниот увоз на електрична енергија во Република Македонија. Сепак, оваа ставка нема влијание врз цената на електричната енергија за домаќинствата, бидејќи станува збор за билатерални договори меѓу лиценцираните трговци со електрична енергија и големите индустриски потрошувачи, појаснува АД ЕЛЕМ.

Во однос на обвинувањата за неинвестирањето во енергетски капацитети, ЕЛЕМ посочува дека за одржување и реконструкција на постојаните термо и хидроелектрани, како и за изградба на нови капацитети инвестирани се меѓу 50 и 75 милиони евра годишно.

– Во изминатиот период целосно завршени и пуштени во функција се два капитални производствени капацитети: ХЕЦ Света Петка и Паркот на ветерни електрани „Богданци“. Исто така, спроведен е зафатот за модернизација и автоматизација на РЕК Битола, а реализирана е и втората фаза од ревитализацијата на големите хидроелектрани. Целосно отворен и опремен е новиот рудник за јаглен Брод Гнеотино, а во фаза на отворање се и подинските јагленови серии во рудникот Суводол. Во функција на зајакнување на перформансите на рудниците во РЕК Битола изграден е и главен транспортен систем за јаглен од Брод Гнеотино до Суводол. Со овие зафати и инвестирање во искористувањето на домашните ресурси, ќе се обезбеди континуирано производство на електрична енергија во РЕК Битола за наредните две децении, се вели во реакцијата.

ЕЛЕМ потсетува дека се работи и на активности поврзани со изградбата на хидроелектраната Бошков Мост, хидросистемот Луково Поле, и хидроелектраната Шпилје 2, а во тек се и подготвителните работи за изградба на систем за Топлификација на Битола и околината. Во тек се и истражни работи околу отворање на два нови рудници на јаглен Живојно и Мариово.

– АД ЕЛЕМ и во наредниот период продолжува со реализација на најавените енергетски проекти кои на среден и долгорочен план ќе го зголемат домашното производство и ќе ја подобрат енергетската ефикасност на постојните капацитети, се истакнува во реакцијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата

Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања

Катерина Ѓуровски