А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција на АД ЕЛЕМ на прес-конференцијата на СДСМ

by А1он27/01/2015 - 17:10158
Share0

СДСМ во обид политички да поентира долго време најавува колапс на РЕК Битола што никако да се случи, а за тоа сведочи целата македонска јавност.

Добивај вести на вибер

Термоблокот за кој зборуваат од СДСМ е потполно технички и технолошки функционален и подготвен да влезе на мрежа согласно потребите од електрична енергија на електро енергетскиот систем, наведува ЕЛЕМ во писмената реакција на денешните обвинувања од страна на СДСМ за еколошка катастрофа и дефект во РЕК Битола.

Од ЕЛЕМ истакнуваат дека уште помалку станува збор за некоја наводна „еколошка катастрофа“ бидејќи, како што посочуваат, турбинското масло кое, е во далеку помали количина од оние што ги наведуваат, целосно се наоѓа во системот на термоелектраната и нема било каков допир со вработените во комбинатот, ниту пак со животната средина.

– Сосема е несериозно да се зборува за било каква опасност по постројките, околината и здравјето на вработените, ако се има предвид високото ниво на техничко – технолошка заштита која е инсталирана на секој од блоковите на РЕК „Битола“. А најмалку има потреба од некоја „вознемиреност“ во РЕК „Битола“ или пак во ЕЛЕМ, бидејќи сите три блока на термоелектраната се наоѓаат во погонска подготвеност да одговорат на барањата и потребите на електроенергетскиот систем, стои во реакцијата од ЕЛЕМ.

Во него се додава дека исклучувањето на блоковите во РЕК „Битола“ поради потребата од одреден технички зафат и планско и тековно одржување на опремата во изминатите повеќе од три децении биле неодминлив дел работењето, бидејќи, како што посочуваат од ЕЛЕМ, бидејќи станува збор за исклучително сложен и комплексен процес на производство во кој се обединети многу техничко технолошки компоненти, но комбинатот обезбедува високо ниво на функционирање во севкупниот производен процес согласно востановени протоколи, каде во секој случај најприоритетна е безбедноста на вработените.

– Во предметниот период за кој зборува СДСМ нема дополнителен увоз на електрична енергија, надвор од оние количини што согласно законот за енергетика го увезува АД ЕВН за покривање на техничките загуби во дистрибутивната мрежа. АД ЕЛЕМ, речиси три години не увезува електрична енергија затоа што ниту има интерес да го прави тоа, ниту има таква законска обврска, се вели во реакцијата од Електрани на Македонија.

Постојните производни капацитети, додаваат од ЕЛЕМ, во целост ги пласираат најавените количини на електрична енергија кон електроенергетскиот систем. Според ЕЛЕМ, во изминатиот период домашното производство е целосно прилагодено врз потребите од електрична енергија на оваа категорија потрошувачи, а најголемиот дел од потребите се обезбедени од енергетски капацитети на „Електрани на Македонија“.

elem

Би можело да ве интересира

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ28/05/2022 - 13:3828/05/2022 - 13:59

Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата

Катерина Ѓуровски06/01/2022 - 13:28

Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања

Катерина Ѓуровски24/12/2021 - 13:5724/12/2021 - 14:09

ЕЛЕМ: Интервенција при самозапалување на турбинско масло во „Енергетика”, нема прекин во снабдувањето со струја и парно греење

Ана Ололовска19/11/2020 - 13:12

Ковачевски: Малото поскапување на струјата ќе ги осигура инвестициите во обновливи извори

Жарко Настоски08/08/2020 - 16:41

Синдикат на ЕСМ: Правата на нашите членови се загрозени од лица кои се претставуваат во име на поранешниот синдикат на ЕЛЕМ

Ландов13/03/2020 - 10:5713/03/2020 - 11:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен