ВИДЕО: Разрешени директорите на МЕПСО, ЕЛЕМ, началникот на УБК и десетици други функционери

Од:

Премиерот Зоран Заев најави дека на денешната седница на Владата ќе предложи разрешување на стотина директори на државни и јавни институции и членови на управни одбори.

Меѓу нив најмногу се од АД МЕПСО, компанијата за која имаше најмногу сомнежи за непотизам и конфликт на интереси.

Предлог за разрешување има за директорот на АД МЕПСО Сашо Василевски, Магдалена Чижбановска, директор за финансии во МЕПСО и членовите на управниот одбор во компанијата Ненад Крстевски и Томи Божиновски.

Предлог за разрешување има и за директорот на ЕЛЕМ Драган Миновски, директорот на Агенцијата за лекови МАЛМЕД Ќамил Ибраими, директорот на Државниот архив Кирил Петров, началникот на УБК Горан Николовски и неговиот заменик УБК Ариф Асани, потоа Катерина Ставриќ од Детската клиника која веќе поднесе оставка.

Предлог за разрешување има и за Викторија Рангелова, директорка на Драмскиот театар, за директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз Вулнет Адеми, директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани.

На листата е и членот на надзорниот одбор на Развојна банка, Кирил Колемишевски и директорката на Заводот за заштита на споменици на културата и музеј Охрид, Елеонора Новаковска.

„На некои ќе им понудиме друг соодветен ангажман. Од денеска почнува постапката пред Владата“, рече Заев.

Причините за предлозите за разрешување, според Заев, се сестрани, како недоволна транспарентност, непочитување на процедурите на Владата, дел од нив ќе бидат разрешени поради аферите кои биле објавени во јавноста.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

Продолжува препукувањето, Груевски повторно: Познато е дека големите пари Заев не ги направи со чесно копање на нива

Предраг Петровиќ

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски

Бекам Сали и Мухамед Хоџа нови министри, Муртезани ја напушта владата

Горан Наумовски

Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за електрична енергија

„Блумберг“: Германската влада е во криза