Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Од:

Судија-поротник Митко Сандев е разрешен од функцијата по барање на претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, потврдија од Судскиот совет за „А1он“. Оттаму велат дека Сандев има наполнето 60 години и според Законот за судии, тој повеќе не може да ја извршува функцијата. Заедно со Сандев се разрешени и други судии-поротници. Со разрешувањето, четири предмети на СЈО, чиј член на судечкиот совет е Сандев, ќе се судат од почеток, со нов поротник.

„Донесовме одлука по предлог за разрешување кој пристигна утрово“, вели кратко за „А1он“, претседателката на Судски совет, Павлина Црвенковска.

Станува збор за судските процеси „Титаник“ за изборни измами, „Топлик“ за продажба на државно земјиште за изградба на „Сончев град“, „Талир“ за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и „Тендери“ за тендерот за изградба на Музејот на македонската борба.

За серија кривични дела во врска со изборен криминал во „Титаник“ се обвинети Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Илија Димовски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Едмонд Темелко, Кирил Божиновски, двајца од Агенцијата за разузнавање: Киро Тодоровски и Мунир Пепиќ, како и уште 11 други обвинети, вработени и членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Во предметот „Топлик“ повторно е обвинет Миле Јанакиески. Според обвинението на СЈО, тој како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Во случајот „Талир” обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и перење пари, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото перење пари. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ. Едниот обвинителен акт се однесува на незаконско финансирање на правното лице, политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, а вториот обвинителен акт се однесува на незаконската изградба на седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот „Тендери“ кој исто ќе ќе започне од почеток е во фаза на давање на завршни зборови. Таму првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“.

Би можело да ве интересира

Приведен скопјанец осомничен дека го возел Палевски до Бугарија, а потоа и во Турција

Александар Тодески

Таткото на Вања повторно дава исказ пред обвинител

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

„Армиско оружје“ – Ослободителна пресуда по 16 години судење

Анита Петровска Рајковиќ

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Иван Џолев доби втор мандат, одново избран за претседател на Кривичен суд

Кристијан Ландов