Разбуди се: Нови споменици, а Скопје се поплавува од најмалиот дожд

Од:

Граѓанското движење „Разбуди се!“ се јави со реакција по поставувањето на петте споменици изутринава во Скопје.

„Се поставуваат нови споменици додека улиците на Скопје се поплавуваат секој ден од најмалиот дожд , додека канализација нема во повеќето населби во градот, додека улиците, парковите, осветлувањето, болниците и школите се во очај. Кога ќе се надминe оваа криза на идентитет? Уште колку споменици ви се потребни за да се чуствувате така како што сметате дека треба да се чуствувате? Скопје се претвора во град каде спомениците имаат приоритет пред граѓаните кои што живеат во градот и придонесуваат преку плаќање на даноци за подобра живеачка во градот“, велат од „Разбуди се“.

Според движењето, за Владата, спомениците во Скопје се побитни од скопјани и, како што додава, иако оваа политика на споменици беше поразена на последните локални избори затоа што граѓаните гласаа против, Владата делува против очекувањата на скопјани и им наметнува непостоечки вредности кои што граѓаните не ги прифаќаат.

„Во услови кога не постои независно судство и обвинителство како и ниту една друга државна институција која што не е под контрола на политиката, на граѓаните им преостанува само да чекаат Владата да се разбуди од овој кошмар или да ја казнат оваа политика масовно на избори, додека меѓународната заедница треба да разбере дека можеби Владата го говори тоа што тие сакаат да го чујат, но го прави спротивното од нивните очекувања“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски