Од продавница на Жито Маркет разбојници со закана одзеле околу 1.500 евра во денарска противвредност.
Како што соопшти МВР вчера во 20:50 часот пријавено е дека на пазарот во населба Бутел, во продавницата на „Жито Маркет“, од страна на две непознати лица, со закана со пиштол е извршено разбојништво над вработениот при што одземени се околу 90.000 денари од дневниот промет, по што лицата го напуштиле лице местото.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.