Две непознати лица синоќа извршиле разбојништво врз 20-годишен скопјанец, на кој му одзеле часовник.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 20,30 часот А.М.(20) од Скопје пријавил дека околу 18,00 часот додека се движел од булевар „Партизански Одреди“ кон улица „Каирска“, од страна на две непознати лица му е извршено разбојништво.
Сторителите со закана со нож, му побарале пари, а од кога им одговорил дека нема, му го одзеле часовникот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 15.000 денари и го напуштиле местото на настанот.