Рашковски за обвинувањата на Стоилковски: Кратко и јасно, мојата мајка нема сестра

Од:

По обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за поврзаност на Драги Рашковски со „Дрисла“, се огласи со реакција поранешниот генерален секретар на СДСМ.

„Досега не сакавме да ја коментираме секоја невистина изнесена од страна на ВМРО- ДПМНЕ во однос на мојата наводна поврзаност со работата на јавното претпријатие ДРИСЛА, но не може да останеме и неми на забеганоста на тврдењата за некаква сестринска поврзаност. Кратко и јасно, мојата мајка нема сестра. Ете до таму е забеганоста и опседнатоста на ВМРО ДПМНЕ со Драги Рашковски“, се вели во неговата реакција.

Инаку, претходно денеска, на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, ја повика ДКСК да отвори предмет со кој ќе се покажело дали крвното сродство помеѓу мајките на Рашковски и Пиперевалиев, е пресудно за бизнисмени од СДСМ да добиваат тендери во скопска „Дрисла“.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Рашковски доби куќен притвор и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“