Стоилковски: ДКСК да испита дали сестринството на мајките на Рашковски и Пиперевалиев одлучило за 850.000 евра од Дрисла?

Од:

„ДКСК мора да отвори предмет и да покаже дали крвното сродство е пресудно за бизнисмени од СДСМ да добиваат тендери во скопска Дрисла. Антикорупциска мора да отвори предмет за механизацијата во Дрисла. Мора да се утврди зошто компанија којашто и сама поседува механизација, за изнајмување на багери за две години исплаќа 850 илјади евра на фирма заради којашто менувала и ставки во огласот од Дрисла? Притоа Договор е склучен во 4 очи. И над сето тоа дали стои крвно сродство меѓу добитник на договор, директор на ЈП со генералниот секретар на владата на СДСМ“, прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„ДКСК мора да отвори предмет и да испита наводите дали сестринството на мајките на Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев биле пресудни фирмата на струмичкиот бизнисмен да фактурира 850.000 евра за две години од Дрисла?

ДКСК мора да одговори дали роднинството меѓу Рашковски и Пиперевалиев е причината за одливање на 850.000 евра од Дрисла?

Доколку антикорупционерите не ја завршат улогата заради којашто се избрани, тие со своето неделување во случајот се соучесници во процесите на корупција во Македонија.

Македонија тоне во корупција и тоа е евидентирано во сите извештаи. Корупцијата, непотизмот и протекционизмот, фаворизирањето на луѓе блиски на СДСМ и ДУИ ја турнаа Македонија во економска, енергетска, здравствена, образовна и каква се не криза.

Се додека со институциите во Македонија владее политички ешалон на луѓе заштитници на криминалот и на корупцијата, Македонија нема да може да излезе од кризите во коишто тие ја втурнаа. Решение е само брзи предвремени парламентарни избори“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ