Рането момче близу салата на „МЗТ“

Од:

19-годишно момче е рането момче близу до салата на МЗТ, во скопската населба Аеродром, синоќа околу 22 часот.

Според полицијата, сега ранетото момче, забележало поголема група врсници кои му идат во пресрет. Еден од нив почнал да го задева, по што настанала расправија.

Еден од насилниците извадил пиштол, испукал неколкупати,а еден од куршумите го погодил момчето во грб.

Насилниците веднаш побегнале, а први на помош на ранетото момче му притрчале минувачите, повикале полиција, а веднаш потоа го однеле во болница.

Жителите на населбата велат дека вриело од полиција по улиците на Аеродром, а полицијата потврдува дека започнала голема потрага по насилниците.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов