А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Радев: Поддршката за евроинтеграцијата на С. Македонија не може да биде на штета на бугарските историја и јазик

by А1он08/05/2020 - 16:06417
Share0

Поддршката за европска интеграција на Република Северна Македонија не може да биде на штета на бугарските историја и јазик, изјави денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев на средба со првите луѓе на Бугарската академија на науките (БАН), Јулијан Ревалски и Васил Николов.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти Прес-службата на бугарскиот претседател, на средба станало збор за објавената книга на БАН, „За официјалниот јазик на Република Северна Македонија“, при Радев што „го пофалил придонесот на научната заедница во Бугарија во заштитата на бугарскиот јазик и историската вистина“.

Книгата е дело на тим од 12 лингвисти и историчари, како и на консултанти од БАН, софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски “, Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ и Универзитетот во Велико Трново „Св. Кирил и Методиј“.

– Книгата го проучува јазикот што се користи во нашиот југозападен сосед врз чисто научен, а не врз политички план, и не се осврнува на прашањето за национално самоопределување на граѓаните на Република Северна Македонија, бидејќи тоа е длабоко личен чин за секој човек, изјавил на средбата потпретседателот на БАН, Васил Николов.

Во соопштението се посочува дека претставниците на БАН нагласиле дека „научните норми категорично го дефинираат службениот јазик во Република Северна Македонија како пишана регионална норма на бугарскиот јазик“.

Според нив, „тврдењата за вековен континуитет на македонскиот јазик се во спротивност со фактите се јавно познати политичкиот декрет усвоен во август 1944 година во манастирот Прохор Пчински, како и мотивите за создавањето на јазикот“.

– Неприфатливи се и обидите за присвојување и фалсификување на средновековните бугарски споменици или на делата на бугарските преродбеници, како браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев, Григор Парличев и др., кои пишувале на бугарски јазик и се идентификувале себе си како Бугари. Имајќи ја педвид јазичната блискост меѓу граѓаните на Бугарија и Република Северна Македонија, научниците повикаа билатералната културна и медиумска размена да не биде предмет на превод на внатрешен јазик, а делата на бугарските преродбеници, писатели и свештеници од Македонија да бидат објавени без манипулации и во оригинал во Република Северна Македонија, се додава во соопштението.

bugarijaeu

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 11:06

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 09:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто