Педесет и осумгодишен тетовец вчера е повреден при пад од скеле во кичевското село Добреноец.
Тетовецот В.М. при падот од 6 метри се здобил со повреди во пределот на кичмата и е пренесен во јавната здравствена установа во Кичево, но поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.
За настанот, соопшти МВР, се запознаени инспектори од заштитата при работа и од Министерството за труд и социјална политика.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.