Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Од:

Синдикатот за култура на Македонија реагираше дека вработените во институциите од културата со мартовските плати нема да добијат зголемување за 12, туку за два отсто.

Од таму велат дека директорите на националните институции добиле нацрт -решение за пресметка на платите, но одредбата од Општиот колективен договор , каде на основицата за пресметка на плата следува 10% покачување, ја нема во диспозитивот на решението.

– Десетте проценти од општиот колективен договор кои важеа за цела земја доживотно за цела јавна администрација, не важат за нас вработените во културата затоа што ни смислија времени решенија од шест месеци кои денес истекоа. Сега истите поединци, директори, раководители, министри не убедуваат дека немаме право на покачување од општиот колективен договор бидејќи со покачувањето на минималната плата ќе земеме 12% покачување според колективниот договор за култура.

Тука е замката на реториката, нема да земеме 12 проценти за месец март реално е само два проценти покачување. Иако според сите закони од правната држава ни следуваат десетте проценти од општиот колективен договор и покачувањето од растот на минималната плата според колективниот договор за култура. Ова го знае министерката и сите кои стојат зад овие сценарија, ако пројде пројде. Сакаат преклопување на две засебни права – рекоа од Синдикатот на културата во Македонија.
Синдикатот најави протести и поднесување на кривични пријави за сите кои ќе изготват решенија за плата со скратени права. Ја повикаа министерката да достави законски упатства за пресметка на плата.

И од ССМ апелираа до министерката решението да биде дополнето со ставка за покачување од 10 проценти.

– Основната бруто плата се зголемува за 10 проценти, а не основницата за пресметка по коефициент за сложеност. Не може да им дадете пред шест месеци решенија во кои 20.175 денари им ги зголемувате за десет проценти и потоа им ги пресметувате по коефициент на сложеност. Ако е така тогаш тоа треба да го зголемите за 10 проценти. Два плус два се секогаш четири. Апелираме да наведат што точно ќе добијат овие луѓе од културата. Ако останат на несериозното решение, чекорите нема да бидат мирни и разбирливи. Дојдовме тука да разбереме нешто што не се разбира. Ако некој смета дека добиените 10 проценти од септември дека сега ќе ги минусира и да им даде дамо два отсто покачување е смешно на плати од 78% кај функционерите – истакна првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на посебна прес-конференција објаснуваше зошто во диспозитивот на решението стои минимална плата.

– Во самото решение стои дека се утврдува основна бруто плата по следни основи: минимална бруто плата согласно закон и Општ колективен договор, коефициент на сложеност согласно колективниот договор во култура и вработениот има право на 0,5 додадок на основна бруто плата за секоја година работен стаж најмногу до 20 отсто.

Овие компоненти се непроменети, нема промена во општиот колективен договор, ниту во колектиниот договор на културата. Единствената промена е што во диспозитивот е минималната плата. Таа менлива според законот за мининална плата и затоа стои во диспозитивот.

Се консултиравме со МТСП и со Државниот инспекторат за труд и беа прашани активни чинители. Ниту една правна и сметководствена служба до денес не се јави дека има проблем со пресметката за плата.

Колективниот договор не е променет, туку само минималната плата, да не се шират шпекулации и теории на заговор. Последниот пат кога се доби 10 отсто покачување беше септември 2023, а за цела година беше вкупно 21% покачување. На крајот е фер да кажеме дека за четири години од 2022 до 2023 покачувањето на платата на културните работници почитувајќи ги двата договори изнесува 40%, а со ова покачување во март е вкупно 52% – објасни министерката.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Кривична пријава за екс министерката Костадиновска Стојчевска за Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените за да им остане истиот профит обвинува ССМ