Пуштена во употреба реконструираната улица број 5 во Сарај

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Сарај, Беким Мурати, министерот за Животна средина и просторно планирање, Башким Амети, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски, денеска /06.07.2016 година, среда/ свечено ја пуштија во употреба реконструираната улица број 5 во Сарај.

– Реконструкцијата на оваа улица беше од висок приоритет бидејќи станува збор за една од најфреквентните улици во Сарај, улица на која се сместени поголем број институции, како што се училиштето и градинката. Коловозот на оваа улица беше многу оштетен и на места раскопан по поставувањето на фекалната канализација. Сега, со овој зафат, улицата број 5 е реконструирана на должина од 600 метри и со ширина од 5 метри, на вкупна површина од 3.000 квадратни метри. Во текот на градежните работи стариот и оштетен асфалтен слој на оваа улица е отстранет, нанесен е тампонски слој и нов асфалтен слој, кажа градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот на Сарај Мурати изјави дека ова е уште еден проект којшто се реализира на територијата на Општина Сарај и е резултат на одличната соработка помеѓу градот и општината. Тој наведе дека како резултат на оваа соработка на почетокот на оваа година се реконструираше и главната улица во Шишево и изрази надеж дека ќе продолжи реализацијата на заедничките инфраструктурни проекти со кои ќе се подобри животот на жителите.

За реконструкцијата на улица број 5 во Сарај Градот Скопје одвои околу 3 милиони денари.

Обновата на улицата 5 ќе придонесе да се подобрат условите за жителите во овој дел од општината Сарај и да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски