Пункт за донации на азилантите од денеска во Кампот на слободата

Од:

Во Кампот на слободата, пред Влада, од денеска во 19 часот ќе биде активиран пункт за собирање донации за помош на азилантите кои проаѓаат низ Македонија.

Пунктот ќе биде поставен кај централната бина, пред Влада, ќе биде отворен до крајот на неделата, а ако е потребно и потоа.

За помош на луѓето кои проаѓаат низ Македонија, може да се донираат пилешки паштети, кроасани, енерџи барови/урми, вода, затворени обувки за пешачење, чорапи, фластери, кенгури за бебиња, пелени.

Вечерва модератор на дискусијата„Да им помогнеме на азилантите во Македонија“, која ќе трае од 19 до 20.30 часот, ќе биде Адмир Фазлагиќ, новинар, а ќе учествуваат Јасмин Реџепи, граѓански активист и член на НВО „Легис“, Александра Давидовска, граѓанска активистка и Блерта Дачи, граѓанска активистка.

Мигрантите кои транзитираат низ Македонија доаѓаат претежно од држави како Сирија, Пакистан, Сомалија, Авганистан. Тие со бродови стигнуваат до Грција, а оттаму низ Македонија и Србија се обидуваат да стигнат со Западна Европа. Македонија е една од црните точки на нивниот пат каде поради актуелните законите тие имаат илегален статус, најчесто се движат пеш по пругите и се кријат од полицијата.

Само во последниве две години, од возoви беа прегазени повеќе од триесет мигранти. Во тек е процедура за промена на законот со кој бегалците треба да добијат време од 72 часа по влегувањето во земјава, за да одлучат дали ќе бараат азил или ќе ја напуштат Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Од 297 барања за азил, само на две лица им е признат статусот

Ана Василевска

Македонците втори најбројни баратели на азил во Исланд

Емир Латифовиќ

Досега 155.739 мигранти минале низ Македонија, 2.909 во изминатите 24 часа

Емир Латифовиќ

Издадени 2.140 потврди за искажана намера за поднесување барање за азил

Емир Латифовиќ

Издадени нови 1.792 потврди за намера за поднесување барање за азил

Емир Латифовиќ

ЕЦПР: Владата да прекине со блокирање на граѓани кои ја напуштаат Македонија

Емир Латифовиќ