Издадени 2.140 потврди за искажана намера за поднесување барање за азил

Од:

Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на вкупно 2.140 странски државјани. Од нив 1.419 се мажи, 245 се од жени, а 413 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата. Потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил им е издадена и на 63 деца кои патуваат без родител.

Како што соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија – 975, на Авганистан – 802, Ирак – 192, додека другите се во помал број.

Во периодот од 8 часот вчера до 8 часот утрово во Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од 19 јуни годинава до денеска издадени се потврди на вкупно 113.501 странски државјани, од кои, 75.116 се од машки пол, 15.133 се од женски, 19.255 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.997 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 83.664, потоа Авганистан – 14.200, Ирак – 7.485, Пакистан – 2.966 Палестина – 1.164, Иран – 730, Сомалија – 702, Бангладеж – 670, Конго – 371, Нигерија – 224, Камерун – 183, Еритреја – 166, Етиопија – 126, Судан – 118, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан, од кои четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он